Тема 1 podsolnuh-10

Клик на сликата за Demo – се разбира англиското :=)

Интересна тема, можам да кажам дека се работи за блогерска тема со голема слика на хедерот, исто така на хедерот можете да напишете некоја ваша мисла или реченица што ќе ви се бендиса или пак опис на блогот. Тој текст се менува во датотеката header.php, едноставно ќе го најдете натписот кој е на кирилица и ќе го смените. За да ја преземете македонската верзија кликнете тука

Тема 2: blackgray-10

Клик на сликата за Demo.

Се работи за тема која изобилува со едноставноста ) со две колони на десната страна, минималистите би ја сакале. Преведена тема која на хедерот не треба ништо да се менува едноставно ќе се вчита името на блогот и описот доколку го има. За да ја преземете македонската верзија кликнете тука

Тема 3: blueone-10

Клик на сликата за Demo…

Убава темичка со три колони и прекрасна небо боја, исто така како и првата на хедерот имате можност да напишете некоја реченица, ќе го направите тоа во header.php на ист начин. Нема што да ја опишувам, видете ја па кажете ) за да ја преземете македонската верзија кликнете тука

Тема 4: glamuryellowred-10

Клик на сликата за Demo…

Според мене тема за блогерки, црвено-жолта тема со сличен стил на претходната но со две колони од десната страна. Исто така има можност за пишување на сопствен текст во хедерот. Епа жени ајде кликајте тука за да ја преземете македонската верзија

Тема 5 sleepy-blue-10

Привју немам, јебига, а и доста е потсредена џабе ќе ви е… ако сакате кликнете на сликата за поголема, инаку доста блогерска теми, едноставна и привлечна. за да ја преземете кликнете тука

Тема 6 notebook

Се работи за тефтер тема, ама буквално тефтер, немам скриншот, немам привју, ама се исплати да ја видите, ако не друго пробајте ја. За преземање кликнете тука

Тема 7 nobus

Кликнете на сликата за поголема, иако нема да ви каже баш како изгледа ама таков е скриншотот.

Тема 8 mambopress

Можеби ја познавате CMS скриптата Мамбо, ако не сигурно сте слушнале за Joomla, Епа оваа тема е направена така да вашиот вордпрес блог да изгледа како да е mambo/joomla.

На оваа имам демо на англиски, значи оригиналната можете да ја тестирате тука а да ја преземете македонската верзија кликнете тука

Тема 9 GT1

Минималистичка интересна тема со 2 колони, фина на изглед и лесна за око, за преземање на македонската верзија ТУКА демото на англиската верзија можете да го видите ТУКА

… Очекувајте Ажурирање…