Archive Page 2

Археоблогот бара помош

Здарво на сите WP корисници, и цел Macedonian WP Team. Пред неполн час од страна на сопственичката на Археоблогот, како член на Macedonian WP Team, и како корисник на WP платформа бев официално замолен за помош во “реновирање” на нејзиниот блог. Нов изглед, и се попратно со самиот изглед.

Доколку има заинтересирани, WP корисници, дизајнери, кодери, кои имаат барем малку слободно време и добра душа за помош, сите тие се добредојдени. Добредојдени се и било какви идеи кој би помогнале во подобар изглед и преформанси на блогот.

За контакт со сопственичката овде, и секако коментарите кои се добредојдени.

Flickr плагин за WordPress

Заради фактот дека на оваа платформа (wordpress.com) не сум во можност да го инсталирам плагинот, на мојот блог може да се погледне како изгледа овој плагин кој всушност е ајакс плагин за галерии и фотографии кои претходно треба да бидат качени на flickr.com

Овде Демото и постот

Излезе WordPress 2.5.1

Излезе верзијата 2.5.1 на Вордпрес.

Според сајтот, таа содржи бројни поправки на багови, подобрување на перформансите и еден многу важен сигурносен фикс.
Препорачано е надградбата да се изврши веднаш, особено ако вашиот блог има отворена регистрација на корисници. Иако проблемот со сигурноста сеуште не е јавен, наскоро ќе биде, а со тоа ненадградените блогови ќе станат ранливи на напади.
Повеќе за вградените поправки, прочитајте овде.

Превземете ја новата верзија овде.

За оние кои премногу чачкале по сорсот и не се осмелуваат да направат надградба, можат да ги превземат само сигурносните фиксови: wp-includes/pluggable.php, wp-admin/includes/media.php, и wp-admin/media.php и да ги заменат во своите инсталации.

Излезе WordPress 2.5

Се појави најновата верзија на WordPress – 2.5.

Има многу нови опции, а постоечките се подобрени. Нешто се зборуваше и за подобрување на мулти-лингвалноста, ќе видиме кога ќе испробам. Веќе е симнат.

Да не повторувам, еве нешто повеќе овде.

Предлог за plugin: Frontpage Slideshow

Уште од самиот наслов заклучивте што предлагам јас. Тоа е Frontpage Slideshow plugin, со кој ќе се овозможи едноставно, интресно, анимирано прикажување на најполуларните вести од некој блог.

Ваков plugin за WordPress не сум сретнал досега, но она за што се залагам јас а се надевам и вие, просто речено копија од постоечкиот plugin за Joomla. Демо од овој plugin можете да видите овде.

На официјалниот форум на joomlaworks, од кој е направен плагинот пишува дека можно е и користење и за WordPress но јас пробав и не успеав во тоа. Затоа предлагам да се направи овој плагин, целосно приспособен за WordPress.

Доколку има заинтересирани, јас сум за, доколку нема или пак оваа идеја не е нешто позначајно кажете нешто и да се фатиме за рабта, кој колку може толку.

Интеграција или федерализација?

OSCommerce
Игор, како коментар на предлогот за плагин за е-Комерција, мисли дека е подобро да се поврзе WP со некоја постоечка кошничка, отколку да се почнува сосема нов плагин.

Притоа, неведува некои постоечки решенија, но еве ги моите аргументи против (после скокот):

повеќе ‘Интеграција или федерализација?’

Зошто плагин за е-Трговија?

Ицко, во еден свој коментар, кажа дека еден ваков плагин би имал големо значење. Се обидувам да го разработам тоа и да изградам едно рационализирање на мојот предлог.

Shopping Cart

повеќе ‘Зошто плагин за е-Трговија?’