Archive for the 'Наши плагини' Category

New version of the Rename/Merge Categories Plugin

Recently, a new version of the Rename/Merge Categoriеs plug-in was released.

The version number is 0.2, and carries the following news and improvements:

  • Tested for compatibility on WordPress 2.7.1
  • Multilingual (Only Macedonian for now, but write me for other translations)
  • The menu choice is under “Posts”
  • Some bigger and smaller improvements of the code, including better validation and error messages.

The plugin is here, where you can also find the installation and usage instructions.

Нова верзија на Спои/Преименувај категории

Деновиве ја поставив новата верзија на плагинот „Спои/Преименувај категории“ (Rename/Merge Categories). Верзијата е означена со бројот 0.2, а ги нуди следниве подобрувања и новини:

  • Тестирана компатибилност со WordPress 2.71
  • Македонски превод (се разбира, со можност и за други јазици)
  • Повикувањето е смесено во подизборот „Написи“
  • Поголеми и помали подобрувања во кодот, додатни пораки и контрола на вносот

Плагинот се наоѓа овде, заедно со упатството за инсталација и користење.

Rename/Merge Categories Plugin

Click here to read about this plugin in English.

Screenshot of the plugin

Овој плагин се употребува за брзо преименување на категорија, при што сите постови кои припаѓале во старата, автоматски се додаваат во новата категорија. Опционално, автоматски се креира „slug“ на категоријата со превод на називот во ASCII формат (за полесно читање во адресната линија на некои интернет прелистувачи).

Втората функција служи за префрлување на сите постови од една во друга категорија, нешто што во стандардната инсталација на WordPress засега е неможно без отворање на постовите еден по еден. Опционално, старата категорија може да се избрише.

Превземете тука.

Инсталацијата е стандардна – отпакувајте во wp-content/plugins фолдерот и активирајте преку контролниот панел на блогот.

После активацијата, плагинот се наоѓа во новиот избор – “Спои/Преименувај категории” во секцијата „Написи“

17 март 2009:

  • Нова верзија – 0.2!
  • Компатибилна со WordPress 2.7.1 (тестирано).
  • Македонски превод.

Rename/Merge Categories Plugin

This plugin is used to rename or merge categories.

The rename function is used to quickly rename a category, with added capability to automatically create an ASCII category slug from non-ASCII characters.

The merge function is used to transfer all posts from one category to another, with optional delete of the first category.

Download here.

The installation is standard: unpack the archive into the wp-content/plugins folder and activate the plugin through the control panel of the blog.

After the activation, a new menu – “Merge/Rename Categories” is added in the “Posts” section.

17 mar 2009:

  • New version – 0.2
  • Tested and working in WordPress v2.7.1

Македонска Кирилица во Латиница 2.0

Конечно ја објавив и втората верзија(со поддржка за Вордпрес 2.5.1) на плагинот кој ги конвертира македонските букви од кирилица во латиница со цел да се создадат подобри(попријателски кон пребарувачи) линкови. Значи како што добро знаете вордпрес по дефиниција линковите ги прави нешто во стилот:

http://primer.com/?p=1

За да имаме убави линкови, треба во Settings->Permalinks(или Постојани Линкови како што е преведено) да се смени на Custom и во полето да се додаде:

/%category%/%postname%/

Со оваа промена линковите ќе изгледаат на овој начин:

http://primer.com/kategorija/naslovnapostot

Што морате да признаете е многу подобро како за око така и за пребарувачите, т.е. пребарувачите ќе ве ранкираат подобро за одредените зборови во дадениот пост или категорија.

НО!

Ако насловот на постот, и категоријата ни бидат на кирилица(како всушност и треба да биде ако блогот ни е на македонски) горе во линкот ќе се случи нешто многу непријатно. Односно ќе се појави следново:

http://primer.com/%C7%E4%F0%E0%E2%EE/%20%D1%E2%E5%F2

Всушност за ова не ми ни треба пример зошто можете да го приметите и на нашиов блог 🙂

Токму на овој проблем и се однесува овој плагин кој ги конвертира карактерите од кирилица на латиница за во линковите, така да доколку го имате инсталирано, можете да користете и кирилица во категориите и насловите на постовите и истовремено да имате убави и пријатески линкови.

Линк до плагинот MK to Lat

Предлог за plugin: Frontpage Slideshow

Уште од самиот наслов заклучивте што предлагам јас. Тоа е Frontpage Slideshow plugin, со кој ќе се овозможи едноставно, интресно, анимирано прикажување на најполуларните вести од некој блог.

Ваков plugin за WordPress не сум сретнал досега, но она за што се залагам јас а се надевам и вие, просто речено копија од постоечкиот plugin за Joomla. Демо од овој plugin можете да видите овде.

На официјалниот форум на joomlaworks, од кој е направен плагинот пишува дека можно е и користење и за WordPress но јас пробав и не успеав во тоа. Затоа предлагам да се направи овој плагин, целосно приспособен за WordPress.

Доколку има заинтересирани, јас сум за, доколку нема или пак оваа идеја не е нешто позначајно кажете нешто и да се фатиме за рабта, кој колку може толку.

Интеграција или федерализација?

OSCommerce
Игор, како коментар на предлогот за плагин за е-Комерција, мисли дека е подобро да се поврзе WP со некоја постоечка кошничка, отколку да се почнува сосема нов плагин.

Притоа, неведува некои постоечки решенија, но еве ги моите аргументи против (после скокот):

повеќе ‘Интеграција или федерализација?’

Зошто плагин за е-Трговија?

Ицко, во еден свој коментар, кажа дека еден ваков плагин би имал големо значење. Се обидувам да го разработам тоа и да изградам едно рационализирање на мојот предлог.

Shopping Cart

повеќе ‘Зошто плагин за е-Трговија?’