Македонска Кирилица во Латиница 2.0

Конечно ја објавив и втората верзија(со поддржка за Вордпрес 2.5.1) на плагинот кој ги конвертира македонските букви од кирилица во латиница со цел да се создадат подобри(попријателски кон пребарувачи) линкови. Значи како што добро знаете вордпрес по дефиниција линковите ги прави нешто во стилот:

http://primer.com/?p=1

За да имаме убави линкови, треба во Settings->Permalinks(или Постојани Линкови како што е преведено) да се смени на Custom и во полето да се додаде:

/%category%/%postname%/

Со оваа промена линковите ќе изгледаат на овој начин:

http://primer.com/kategorija/naslovnapostot

Што морате да признаете е многу подобро како за око така и за пребарувачите, т.е. пребарувачите ќе ве ранкираат подобро за одредените зборови во дадениот пост или категорија.

НО!

Ако насловот на постот, и категоријата ни бидат на кирилица(како всушност и треба да биде ако блогот ни е на македонски) горе во линкот ќе се случи нешто многу непријатно. Односно ќе се појави следново:

http://primer.com/%C7%E4%F0%E0%E2%EE/%20%D1%E2%E5%F2

Всушност за ова не ми ни треба пример зошто можете да го приметите и на нашиов блог 🙂

Токму на овој проблем и се однесува овој плагин кој ги конвертира карактерите од кирилица на латиница за во линковите, така да доколку го имате инсталирано, можете да користете и кирилица во категориите и насловите на постовите и истовремено да имате убави и пријатески линкови.

Линк до плагинот MK to Lat

Advertisements

7 Responses to “Македонска Кирилица во Латиница 2.0”


  1. 1 Глиша Мај 20, 2008 во 4:30 pm ч.

    Во Фајрфокс3 убава си е кирилицата во адресата.

  2. 2 spiritfly Мај 20, 2008 во 4:38 pm ч.

    Добро, но дали е убава во пребарувачот Google? 🙂

    Никој не ве задолжува да го користите, ама јас мислам дека уште многу време ќе има потреба од овој плагин и лично ќе продолжам да го употребувам во моите блогови, па после да видиме кој ќе излегува на гугл попрв и кој ќе има повеќе посети 🙂

    Вие ако сакате гледајте на ова како демоде, ама јас во случајов предпочитам да бидам класичен фраер 😀

  3. 3 Ванчо Мај 20, 2008 во 5:29 pm ч.

    Одлично!
    Ми се допаѓа. Немаат сите ФФ3, а оние процентите многу ме нервираа.
    Фала, Спиритфлај.

  4. 4 Ицко Мај 22, 2008 во 10:27 am ч.

    Одлично, функционираме 🙂 Него ФФ3 некако не ми ги покажува како што треба страниве… го пробав и не сум баш најзадоволен, но се надевам дека ќе се среди во конечната верзија… Браво Спиритфлај 🙂

  5. 5 Darko Buldioski Мај 22, 2008 во 1:38 pm ч.

    Јас си ги преправам рачно. Додуша понекогаш заборавам, ама често и ги менувам скроз пермалинковите, од не знам баш кои причини често почнав да ги правам на англиски, не дека има некоја поголема корист.

    Плагинов го поздравувам и ќе го истестирам.

  6. 6 whiteeagle13 Мај 23, 2008 во 10:36 am ч.

    Just to let you know.

    И во Опера 9.50 добра си е кирилицата.

  7. 7 сп Јануари 12, 2009 во 9:35 am ч.

    Здраво

    Супер е додатокот фала 🙂

    Ама има „баг“. За старите записи што се веќе со кирилица не ги отвора воопшто, ги јавува како 404. Дали има опција/додаток што ќе ги смени сите наслови на сите записи да се на латиница?

    Поздрав


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s





%d bloggers like this: