Археоблогот ископан!

Прогрес!
Си седнав синоќа да размислам за проблемов.
Малку cUrl, малку xPath, и ја завршив работата. Сите постови, комплет со наслови, датуми и категории се симнати кај мене во база.
Сега останува уште да ги префрлам („прекнижам“, што би рекол мојов колега Бранко, хехе) во WP, но стана доцна, всушност рано – 3am, па решив да си легнам за да го издржам денешниов ден.
Инаку, web-scraping-от го научив, од потреба, пред неколку години. Тогаш сеуште не постоеше клучниот xPath – со кој може лесно и брзо да се достапува до DOM-от на секој (X)HTML и XML документ. Многу помага и cURL, а особено ми се допаѓа можноста да се достапува до сајтовите со googlebot user agent, така што евентуално вградените алармни системи на серверот поради интензивен достап од една IP адреса нема да се вклучат.

Неколку функции, малку зезање, малку повеќе гледање на сорсот на сајтот (очај, windows-1251, инаку добро среден HTML). Треба уште да поработам да ги симнам сликите кои се вчитани во сајтот (т.е. не се линкувани на некое место).

Денес-утре ќе направам привремена WP инсталација на некој од серверите на мојава фирма, за да може „археологињата“ да провери дали е се` во ред.

Advertisements

11 Responses to “Археоблогот ископан!”


  1. 1 Ицко Мај 8, 2008 во 10:31 am ч.

    Браво мајсторе 🙂 суперски, навистина лоша платформа е блогерМк…

  2. 2 Археоблог Мај 8, 2008 во 6:42 pm ч.

    Се извинувам што вака доцна одговарам, но дури сега се вратив од конференцијата Glocal 2.0 каде имав денеска презентација. Постот го видов уште таму и не можев да се изнарадувам цел ден. Многу, многу фала што ми ги спасивте постовите. Особено благодарност до Ванчо. Просто не знам начин како да се оддолжам за стореново.

  3. 3 alifaan Мај 9, 2008 во 7:30 pm ч.

    Браво до копачот, сигурен сум дека има добар копач чим го ископал до крај. 🙂

  4. 4 darko156 Мај 11, 2008 во 12:05 pm ч.

    Е стварно браво. Кога се префрлаше првично блогот на WP и јас помислив преку рсс да ги префрлам поствите ама не ми успеа ниту еден од обидите и се откажав пошто тука завршија моите познавања.

    Одлично, баш ми е мило што Археблогот е комплетен.

  5. 5 New Balance Shoes Септември 3, 2014 во 3:52 am ч.

    What’s up i am kavin, its my first occasion to commenting anywhere,
    when i read this piece of writing i thought i could also make comment due to this
    good post.


  1. 1 Благодарност до Мк Wordpress тимот кој ми спаси 700 поста » Археолошки дневник vol.2 © Следење on Мај 9, 2008 во 7:23 pm ч.
  2. 2 Археолошкиот дневник слободен за симнување под лиценцата на Криејтив Комонс » Археолошки дневник vol.2.1/2 © Следење on Април 23, 2009 во 1:24 pm ч.
  3. 3 Како и зошто до сопствена платформа, хостинг и сајт | МКхост Блог Следење on Јануари 9, 2010 во 10:39 am ч.
  4. 4 Археолошки дневник vol.3 » Археолошкиот дневник слободен за симнување под лиценцата на Криејтив Комонс Следење on Март 7, 2010 во 8:10 am ч.
  5. 5 Археолошки дневник vol.3 » Прослава – четири години Археоблог Следење on Март 17, 2010 во 1:55 pm ч.
  6. 6 Како и зошто до сопствена платформа, хостинг и сајт | WordPress Македонија Следење on Јуни 25, 2011 во 7:24 pm ч.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s





%d bloggers like this: