Археоблогот бара помош

Здарво на сите WP корисници, и цел Macedonian WP Team. Пред неполн час од страна на сопственичката на Археоблогот, како член на Macedonian WP Team, и како корисник на WP платформа бев официално замолен за помош во “реновирање” на нејзиниот блог. Нов изглед, и се попратно со самиот изглед.

Доколку има заинтересирани, WP корисници, дизајнери, кодери, кои имаат барем малку слободно време и добра душа за помош, сите тие се добредојдени. Добредојдени се и било какви идеи кој би помогнале во подобар изглед и преформанси на блогот.

За контакт со сопственичката овде, и секако коментарите кои се добредојдени.

Advertisements

10 Responses to “Археоблогот бара помош”


  1. 1 Ванчо Орданоски Мај 7, 2008 во 11:55 am ч.

    Изгледа дека има голем проблем, бидејќи и јас бев (посебно) контактиран.
    Очигледните прашања се:
    – Кои се верзиите на двата блога
    – Дали има (администраторски) достап до MySQL базите
    – Дали е пробано со стандардниот export/import на WordPress

    Сеуште не добив одговор на емаил, но можеби овде ќе добиеме.

  2. 2 Ицко Мај 7, 2008 во 12:00 pm ч.

    Значи од Блогер мк не може да се импортираат постови во вордпрес, а и башка тоа е мулти платформа и нема пристап до базите… значи првиот блог не е вордпрес…

  3. 3 alifaan Мај 7, 2008 во 12:10 pm ч.

    Ова со експорт/импорт на бази не ми е доволно јасно, бидејќи сега го усовршувам, но доколку има барем некој начин на кој би можеле да ги импортираме податоците, можно е некој до Блогер мк да ги експортира.

  4. 4 Археоблог Мај 7, 2008 во 1:12 pm ч.

    Ви благодарам на сите за помошта. Најголемиот проблем со постовите кои се наоѓаат на Блогер Мк (а се преку 700), е тоа што платформата е комплетно падната. Не можам никако да го исконтактирам админот, за да прашам дали има некаков, било каков бек ап на податоците. Исто така не сум во можност да пристапам во администраторската папка на блогот, и со тоа постовите ми се заглавени. Па дури и рачно да ги преместувам од самиот блог (т.е. копирам) пак би било прилично сложено.

  5. 5 Ванчо Орданоски Мај 7, 2008 во 4:37 pm ч.

    Аха! Сега капирам: значи од блогер мк треба да се префрли во WP.

    Ок, за се` има решение, па и за ова.
    1.
    Прво си помислив да се исчита RSS фидот и да се наполни некоја привремена база од која би се префрлило во wp. Но, фидот дава само неколку последни постови. Гледам дека е сервисот напишан во php, но не знам дали може да се допише некој параметар да ги даде сите содржини. Ако се работи за Magpie rss, веројатно може. Ова треба да се испита…

    2.
    Но, како што ми изгледа, најверојатно ќе биде потребно да се напише page scraper за да се „изгребат“ постовите директно од блогот. Т.е. да модифицирам некој од моите постоечки scraper-и. Притоа треба да се хакира енџинот на bloger.com.mk за да ги „врти“ страниците, бидејќи нема начин да се прикажат сите постови одеднаш.
    Содржината оди во привремена база, а оттаму е лесно да се уфрли во wp.

    Ако некој има друг предлог, кажувајте. Ако не, викендов ќе се зафатам со работа.

  6. 6 Ванчо Орданоски Мај 7, 2008 во 4:40 pm ч.

    И уште нешто.
    Гледајќи го сорсот на bloger.com.mk (зошто ли е само едно „g“?), видов дека страниците се во windows-1251 енкодирање!
    Кој ли само го правел и го мислел?


  1. 1 Благодарност до Мк Wordpress тимот кој ми спаси 700 поста » Археолошки дневник vol.2 © Следење on Мај 9, 2008 во 7:17 pm ч.
  2. 2 Како и зошто до сопствена платформа, хостинг и сајт | МКхост Блог Следење on Јануари 9, 2010 во 10:31 am ч.
  3. 3 Како и зошто до сопствена платформа, хостинг и сајт Следење on Јули 21, 2010 во 8:14 pm ч.
  4. 4 Како и зошто до сопствена платформа, хостинг и сајт | WordPress Македонија Следење on Јуни 25, 2011 во 7:24 pm ч.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s





%d bloggers like this: