Зошто плагин за е-Трговија?

Ицко, во еден свој коментар, кажа дека еден ваков плагин би имал големо значење. Се обидувам да го разработам тоа и да изградам едно рационализирање на мојот предлог.

Shopping Cart

Се стекнаа услови?

Да, мислам дека кај нас, во Македонија, конечно се стекнаа сите услови за воспоставување на е-Продавници во вистински смисол на зборот. Да видиме: има законски решенија, доволно кредитни картички, а сметам дека и трговците полека се освестуваат.

Најважно, во втората половина на 2007 конечно се спуштија цените на broadband достапот до Интернет. Овој тренд би требало да продолжи во втората половина на оваа, 2008, година, бидејќи очекуваме дотогаш да профункционираат новите Wi-Max оператори. Тоа ќе створи нов притисок на постоечките провајдери да ги спуштат цените. Зошто е ова „најважно“? Затоа што многу корисници на Интернет, значи и многу потенцијални купувачи. А тоа е она по што продавачите ќе се затрчаат.

„Пластиката“ стана нормална работа, луѓето разбираат што значи тоа да платиш со кредитна картичка, а веќе се достапни секому и доволно раширени (можеби и премногу, но тоа е друга приказна).

Што има готово?

Во моментов работам на два сајта со е-Продавници. И ниеден не е со WordPress. Користам Zen Cart, а постојат и други: пра-дедото на многу други решенија OS-commerce, па Magento, CreLoaded и да не набројувам понатаму, прогуглајте малку и ќе најдете уште мал милион.
Сите овие (освен можеби Magento, но тој е сеуште во бета) имаат одлични шопинг кошнички, очајно се структурирани, дешператно организирани во поглед на темплејтите, а многу им фали токму она што го има WordPress – добар систем за оставање на други информации, постови и слично.
Имено, се покажува дека компаниите кои сакаат да продаваат, сакаат да поостават и други информации на своите сајтови – за себе, упатства, најави, knowledge base, итн. И тоа да биде лесно, едноставно и без програмери.
Како што реков претходно, има само еден колку-толку употреблив плагин на компанијата Instinct, но нивниот сајт изгледа мртво веќе повеќе месеци и нема никаква поддршка. Освен тоа, плагинот нема „приклучоци“ за нашите банки и процесори, а му недостасуваат и одредени опции.
Се обидов да контактирам со нив уште пред три-четири месеци, но не добив никаков одговор.
Треба да го разгледаме овој плагин и можеби да се надградиме на него, иако имам и други идеи за тоа што би можеле да опфатиме. Но, за тоа во друг пост.

Проблеми, проблеми

О, не е сè совршено, има проблеми:

  • Прво, нема солиден, над-банкарски процесор на трансакции. Велам „солиден“, па не ми го споменувајте „CaSys“ – тука е веќе над две години (ако добро се сеќавам), и сеуште нема направено ниеден чекор да воспостави процесирање.
  • Натаму, и банките сеуште не се многу заинтересирани за отворање на трговски (merchant) акаунти за продавачите. Она што го нудат е со огромни провизии (над 5,6, па дури и 7%). Преку ИКТ Комората ја притискаме Владата (сега веќе не знам која) за да ги притиска банките да олабават малку.
  • Нема воспоставени посреднички (escrow) компании. Знаете, она кога никој никому не верува: јас ги давам парите на чување кај посредникот, кој му ги дава на продавачот дури кога ќе потврдам дека сум ја примил стоката што сум ја купил.
  • Интернет провајдерите, особено хостингот кој го нудат, се очајни. Погледнете ги пакетите кои ги нудат, па ќе ви стане јасно (Првиот употреблив пакет на мт.нет, на пример, чини 11.000 денари годишно, скоро двојно од странците). Но, тука се помрднува работата по малку, а секогаш ни остануваат и добро етаблираните странски хостинг компании. Да живее Интернет демократијата!

Ги повикувам и другите да дадат коментари. Мојот следен пост ќе биде функционална спецификација на плагинот

Advertisements

12 Responses to “Зошто плагин за е-Трговија?”


  1. 1 Ицко Март 17, 2008 во 11:04 am ч.

    Одлично… но комент…

  2. 2 Ицко Март 17, 2008 во 11:09 am ч.

    Уште нешто, може да разговараме и со едни дечки кои работат со џумла, па после нашиот проект кој се надевам дека ќе биде успешен, можеби ќе ги мотивираме да направат и они ваков модул/плагин/додаток кој ќе работи на џумла… важно е да се шириме со идеата.

  3. 3 darko156 Март 17, 2008 во 2:59 pm ч.

    Немам некоја конкретна визија како лично би ги употребил овој плагин, ама бидејќи сакам да можам да купувам онлај и бидејќи WP ми е мил.

    Ветувам дека ќе помогнам во пионерсите обиди на оваа мала WP дружина.

    направете спецификација и оставете работа и за оние кои не се рабираат многу 🙂

  4. 4 spiritfly Март 17, 2008 во 9:01 pm ч.

    При крај сум со преведување на CMSот за е-Трговија Zen Cart. Мислам дека е стабилен дури и подобар од osCommerce. Ќе ви дадам линк до преводот откако ќе го завршам.

  5. 5 zborovi Март 17, 2008 во 9:29 pm ч.

    Постојат веќе плагинови и многу подобро и побрзо решение би било модификација не некој од нив.
    На пример QuickShop http://www.zackdesign.biz/wp-plugins/34 или многу подобриот WP E-commerce http://www.instinct.co.nz/e-commerce/

    Како и да е, овие додатоци се корисни само на оние кои сами си ги хостираат блоговите затоа што треба и SSL сертификат 130 долари годишно, и плус посебна IP адреса (dedicated IP) за SSL-от (уште 15 долари годишно) плус хостинг 50 долари. Значи, крајно, треба да продаваш многу добро за да воопшто ти се испати инвестицијата. Впрочем затоа сите блогери користат PayPal, и затоа јас иако имам сертификати (5 комада) не сум ги поставил, уште повеќе затоа што за секој од нив треба посебна IP адреса.

    Окулу преведување на плагинови. Преведов неколку доста солидни плагинови од http://lesterchan.net ама ги преведов директно во кодот, а не mo, po датотеките затоа што требаше посебен едитор плус преведувањето оди поспоро. Ќе ги ставам кај мене на блог само претходно да го решам проблемот со РСС што настана, а го приметив денес. Всушност проблемот е во базата, како, што појма немам, ама wordpress почна страшно да ме нервира. Пред тоа користев нешто како портал, поточно news паблишинг софтвер и никогаш, ама баш никогаш немав проблеми со РСС, со плагинови, со инсталации, и тоа во неколку години користење, додека со wordpress за 20 дена имав еден куп проблеми. Дури помислувам да го вратам стариот енџин кој фунционираше без проблеми, и додуша немаше 2000 додатоци ама затоа има само стотина најпотребни, плус за многу работи за кои во wordpress треба плаг ин ваму доаѓаат со самиот софтвер. воопшто не сакам да зборувам за 10 пати понапредниот контролен панел од овој на wordress.

    Да прашам. Кој е плагинов што е одговорен за линковиве под полево за коментари, а ги прикажува претходниот и наредниот пост?

  6. 6 zborovi Март 17, 2008 во 10:55 pm ч.

    успеав за неполн саат да ја симнам и поставам најновата верзија.
    да ја апдејтувам базата и резултатот е на: http://spaceman.zborovi.info/
    плагинови сеуште нема ама доколку се решам да го баталам wordpress тогаш ќе ги инсталирам сите потребни. плус нема 100 туку има точно 155.
    без додатоци има форум, отценување на постови, коментари, одлична архива, потоа има зачленување (не е неопходно), приватни пораки, потоа персонален простор за датотеки (за членовите да може да аплоадират видео, архиви, слики и сл.) кој моментално е поставен на 1 МБ меѓутоа може да се подеси на било која вредност. Има бројач на кликови, статистика и еден куп други опции достапни во контролниот панел кој дефинитивно е 10 пати подобар и понапреден од оној на wordpress.

  7. 7 alifaan Март 17, 2008 во 11:16 pm ч.

    а тема нешто ова она, пошто така как шо ти е мене ама ич не ми личе на некој блог(без навреди).

  8. 8 spiritfly Март 18, 2008 во 1:53 pm ч.

    alifaan па фала богу тоа и е идеата, да се направи cms од вордпрес, закон го обожавам! 😉

    А во однос на постот имам еден предлог, има начин да се поврза датабазата на вордпрес со zen cart. Моментално експериментирам со тоа, но мислам дека ми оди успешно. Сепак мислам дека би требало да отвориме форум за нашево тимче. Овака ништо не правиме, никаква комуникација немаме, немам ништо против вордпрес туку напротив, но вордпрес е за 1 автор да објавува проекти а другите да коментираат, а форум се знае за што е, сите ке дискутираме, објавуваме, полимезираме итн итн.. Ќе се нафати некој на таква работа или јас да сум првиот мохиканец?

    ..уствари последниот беше whatever..

  9. 9 Ванчо Орданоски Март 18, 2008 во 2:51 pm ч.

    Ицко, колку што гледам, на секој кој ќе се пријави му дава администраторски акаунт.
    Според тоа, можете и вие да објавувате и да бидете „1 автор“. А ние ќе коментираме. И така …

    Не ја разводнувајте работата, работете 🙂

  10. 10 zborovi Март 18, 2008 во 3:35 pm ч.

    симни го bbpress или SimpleForum и инсталирај го. работи како плагин со тоа што ставаш код на една страна (page) и таа е форумот. за неколку минути се средува темата така што кога го отвараш форумот да биде на цела страна без сајдбарот.

  11. 11 Ицко Март 19, 2008 во 4:34 pm ч.

    Може секој од авторите да покани било кого да биде автор… така да пишете меил и ќе ви дадам админ акаунт…

  12. 12 trgovec Јуни 12, 2014 во 12:53 pm ч.

    Reblogged this on Е-бизнис идеи and commented:
    Стар но квалитетен артикл за интернет трговија и wordpress!


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s





%d bloggers like this: