Деновиве ја поставив новата верзија на плагинот „Спои/Преименувај категории“ (Rename/Merge Categories). Верзијата е означена со бројот 0.2, а ги нуди следниве подобрувања и новини:
- Тестирана компатибилност со WordPress 2.71
- Македонски превод (се разбира, со можност и за други јазици)
- Повикувањето е смесено во подизборот „Написи“
- Поголеми и помали подобрувања во кодот, додатни пораки и контрола на вносот
Плагинот се наоѓа овде, заедно со упатството за инсталација и користење.
0 Responses to “Нова верзија на Спои/Преименувај категории”