Ете, за да не се каже дека само теоретизираме, го ставив on-line она што успеав досега да го извлечам од bloger.com.mk платформата на следнава привремена адреса: http://arheo.infomatrix.com.mk.
Хостот е дониран од мојата компанија Инфопројект, a „Инфоматрикс“ е нашиот најнов продукт, кој претставува комплетно, web-базирано ентерпрајс решение за големи компании. [Малку самореклама, ете - незгодно ми е веќе]
На сајтот се постовите кои ги извлече мојата автоматизирана процедура, иако авторката вели дека недостасуваат уште 30-40 текстови. Програмата што ја напишав ги парсираше архивите, и по неколку повторени пуштања, добивав ист број на постови кои се појавуваат таму. Не гледам друг начин да ги добијам перманентните линкови на оние содржини кои фалат. Ако некој измисли нешто или му текне како, нека напише овде.
Сметајте ја инсталацијата за привремена. На постовите им треба уште малку прочистување со HTML Tidy. Исто така, треба да се поправат линковите до сликите кои веќе ги симнав. Сега се гледаат само сликите кои се линкувани од некој друг сајт, а не оние кои биле аплоудирани. Но, не би требало тоа да биде голем проблем. Ќе го средам веројатно до крајов на викендот.
Темата која е инсталирана за приказ на блогот е бесплатна, се вика Simplicity, и е позајмена од http://themes.performancing.com/.
Отворив и нова категорија на блогов – Археоблог, за да се групираат постовите околу оваа работа.
Ептен ми е драго за подвигов што го направи Ванчо, тоа е и целта на оваа заедница, да се помага и развива, да се прави ново и да се негува слободниот дух… Честито и на Ванчо за подвигот, Честито и на Архео за новиот изглед