За почеток, еве го мојот предлог: плагин за е-комерција за WordPress, прилагоден за наши услови, со gateway кон нашите банки и други процесори на плаќање.
Вакви плагини, воопшто, има многу малку – најдобриот е овој на извесната новозеландска фирма Instinct. Но, нивниот сајт не се обновува повеќе месеци и не одговараат на електронска пошта, па мислам дека развојот е напуштен.
Можеме да почнеме од овој (само да провериме дали е open source), или сосема наново. Пријавете се!
Јас си давам задача да ја напишам почетната функционална спецификација: што и како треба да работи, а секако фидбекот ќе биде добродојден.
Да почнам?
Почнувај, и кажи што треба да помогнам
Кое е значењето на овој додаток?
- Јас мислам дека овој додаткок кога ќе се направи ќе биде од клучно значење за купување преку интернет во Македонија, можеби ќе биде прв чекор кој Ванчо има идеа да го повлече… така да, од мене ја имаш целосната поддршка и морално и работно… НАПРЕД!
Фала Ицко, на поддршката.
Деновиве ќе седнам и ќе ја напишам спецификацијата. Само, треба да одредиме каде ќе ги собереме сите постови околу ова.
Дали да отворам суб-категорија во WP Plugins? Дали листата на категории може да покажува хиерархија? (во оваа тема, мислам).
Хм,
Не брзајте толку, јас не ја гледам баш поентата да се развива Plugin за WordPress за кошничка за купување.
WP во моментов нема каталог, нема stock, нема методи за плаќање ниту за испорака, нема нарачки, нема фактури.
Сите овие работи ги имаат zencart или oscommerce пологично ми е тоа да се направи за нив.
Каде доаѓа делот што јас мислам дека недостасува е плагин за поврзување на wordpress со овие кошнички за пазарување, и изработка на метод за плаќање и испорака за zencart или oscommerce.
WP си е сосема добар во она за што е наменет, поентата на FOSS решенијата не е да бидат се во едно туку да се овозможи лесна интеграција на повеќе независни решенија кои веќе солидно си функционираат.
Деловите кои недостасуваат се плагините за интеграција помеѓу нив.